Свет Балкан Норвешка ќе донира 7,3 милиони евра на Македонија и на Србија за...

Норвешка ќе донира 7,3 милиони евра на Македонија и на Србија за бегалската криза

Норвешка ќе донира 7,3 милиони евра на Македонија и на Србија за да им помогне да се справат со зголемениот прилив на бегалци, рече норвешкиот министер за надворешни работи, Борге Бранде.

Бранде рече дека една половина од парите ќе ѝ бидат дадени на Србија за надградба на системи за прифаќање бегалци во пресрет на зимата, додека останатиот дел од сумата ќе биде за асистенција во итни ситуации во Србија и во Македонија.

Бранде ја пофали Србија за вложениот напор и за великодушноста што владата, цивилното општество и граѓаните ја покажале кон големиот број бегалци и покрај економската ситуација на земјата.

Според соопштението од норвешката влада, средствата на Србија и на Македонија ќе им бидат испратени преку Обединети нации и хуманитарните организации, како што е Црвениот крст.