Македонија Нормализирано снабдувањето со електрична енергија на Дебар и околните населени места 

Нормализирано снабдувањето со електрична енергија на Дебар и околните населени места 

Фото: МЕПСО - Архивска фотографија

Стручните лица од интервентните екипи на АД МЕПСО вложија натчовечки напори и успеаја по непрекината 16-часовна работа да го вклучат под напон 110-киловолтниот далекувод ТС Вруток – ТС Шпиље, информираат од АД МЕПСО.

Жителите на Дебар и неколку околни населени места добија електрична енергија денеска во 4:15 часот. Инаку, АД МЕПСО вчера го прекина снабдувањето со електрична енергија за овој дел од земјата поради паднати дрва на далекуводот и мразот што беше предизвикан од заледениот дожд и невремето што ја зафати нашата земја.

Од АД МЕПСО велат дека електро монтерите минатата ноќ работеле во исклучително тешки временски услови на студено и врнежливо време проследено со силен ветар.