Свет Балкан Номинацијата на Заев и Ципрас за Нобелова награда поддржана од 33 европратеници

Номинацијата на Заев и Ципрас за Нобелова награда поддржана од 33 европратеници

Фото: Борче Поповски

По прв пат на Балканот со покажано лидерство се постигнува ваков иновативен договор, пишуваат 33 европратеници од 16 земји и шест политички групи од Европскиот Парламент, во писмото до Норвешкиот комитет за Нобел со кое ја поддржaa иницијативата на Видед Бушамауи од Тунис, премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас да бидат добитници на Нобеловата награда за мир за 2019.

Писмото потпишано и од тројца европратеници од СИРИЗА, во целост го објави и грчката новинска агенција АНА-МПА и европратеникот Димитрис Пападимулис на неговиот официјален сајт, јави дописничката на МИА од Атина.