Македонија Ноќеска тензично во ЈП Комунална хигиена, повикана и полицијата

Ноќеска тензично во ЈП Комунална хигиена, повикана и полицијата

Контејнерите за отпад во Скопје  и претпладнево се неиспразнети, а околу нив се создаваат „острови“ од ѓубре

Фото: Порталб

Ноќеска состојбата во ЈП Комунална хигиена била тензична. Имено, полицијата била повикана во претпријатието со цел вработените да излезат на терен да работат, јави Порталб.мк.

Вработените во петокот пред полноќ прекинале со работа, и се жалат на отпуштањето на голем број вработени и деградадирање од страна на актуелните раководители на претпријатието.

Нема да го собереме сметот додека не се вратат на работа отпуштените колеги, велат вработени во Комунална хигиена

Контејнерите за отпад во Скопје  и претпладнево се неиспразнети, а околу нив се создаваат „острови“ од ѓубре.

Нема да го собереме сметот додека не се вратат на работа отпуштените колеги, велат вработени во Комунална хигиена