Свет Европа Низа земјотреси во Италија во текот на ноќта, најсилниот 4,2 степени

Низа земјотреси во Италија во текот на ноќта, најсилниот 4,2 степени

Централниот дел на Италија во текот на ноќта го погодија низа нови земјотреси, од кои најсилниот бил со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала.

Според податоците на американскиот геолошки завод, најсилниот земјотрес во текот на ноќта се почувствувал во 4.50 часот.

Многу лица кои по разорниот земјотрес во средата останаа без своите домови, ноќта ја поминаа во шатори, додека доброволци се грижат да им обезбедат основни продукти.

Во земјотресот во средата загинаа најмалку 281 лице, додека 387 лица се повредени.
Најмногу жртви, 221, имаше во градот Аматриче, кој речиси целосно е уништен.