Свет Балкан Николиќ: Одговорноста за кризата со бегалците е на основачите на ЕУ

Николиќ: Одговорноста за кризата со бегалците е на основачите на ЕУ

Томислав Николиќ, претседателот на Србија, денеска изјави дека одговорноста за решавање на кризата со бегалците лежи главно кај основачите на Европската унија, кои топката на тешката ситуација ѝ ја префрлаат на Србија, што не е ниту морално, ниту природно, а нема да биде ни одржливо бидејќи ситуација излегува од контрола.

– Ако некој во Европа сериозно размислува за сигурноста и за безбедноста, но и за опстанокот на континентот, време е конечно да кажат што ќе биде и тоа да го спроведат сите земји-членки на ЕУ –  рече Николиќ пред новинарите во Белград.