Свет Нигериската војска ослободи 180 затвореници

Нигериската војска ослободи 180 затвореници

Нигериската војска ослободила 180 затвореници, соопштувајќи дека тие веќе не се осомничени за поврзаност со екстремистичката група Боко харам. Помеѓу ослободените затвореници има и жени со бебиња и со мали деца.

Затворениците се ослободени по завршување на истрагата, која покажала дека не се виновни по обвинувањето, по што тие се пренесени во државата Борно, каде што ќе им се придружат на своите семејства.

Некои од ослободените жени рекле дека се вдовици, а некои дека се уапсени бидејќи нивните браќа се членови на Боко харам.

Владата на Нигерија соопшти дека се прегледува извештајот на меѓународната организација за заштита на човековите права „Амнести интернејшнал“, во кој за минатиот месец нигериската војска беше обвинета за смрт на 8.000 заробеници, од кои некои се убиени, а некои умреле од глад или задушување.