Свет Свет Нигерија: Се урна хеликоптер пред студентски дом

Нигерија: Се урна хеликоптер пред студентски дом

воен хеликоптер

Воен хеликоптер се урна и експлодира пред студентски дом на североистокот на Нигерија, подрачје на кое нигериската војска се бори со исламските екстремисти.

Портпаролот на полицијата во нигериската сојузна Адамава не ги изнесе деталите, ниту наведе дали има преживеани, додека сведоците на несреќата велат дека нема преживеани.

Очевидецот Хабу Малам изјави дека хеликоптерот паднал и експлодирал во близина на домот на Универзитетот за технологија „Модибо Адам“ во градот Јола.

Нигерија пет години се бори со побунетите исламисти на северот за земјата.