Свет Невремето на Фиџи усмрти 18 лица

Невремето на Фиџи усмрти 18 лица

Циклонот Винстон, кој изминатиот викенд ги зафати Фиџи, однесе 18 човечки животи, покажуваат податоците што денеска ги соопштија властите на пацифичката островска земја.

Властите на Фиџи уште со тешкотии стапуваат во контакт со некои острови, вклучувајќи го и Коро, каде е причинета најголема штета.

Според податоците на метеоролошките служби, ударите на циклонот Винстон достигнувале и до 285 километри на час, што го прави најсилна бура во јужната хемисфера од почетокот на мерењата.

Силните удари на ветерот уништиле повеќе куќи во неколку села, а на островот е прекинат доводот на струја, вода и комуникација. На Фиџи живеат 900.000 лица, а повеќе острови се ненаселени.