Македонија Неуспешен референдумот за рудниците во Ново Село

Неуспешен референдумот за рудниците во Ново Село

Референдумот против отворањето рудници во општина Ново Село е неуспешен, бидејќи на гласачките места не излегоа потребните 50 отсто плус еден од вкупниот број граѓани на општината со право на глас.

Причина за неисполнувањето на цензусот, како што пренесуваат медиумите, е тоа што речиси половина од жителите на општината се во странство.

Според „Телевизија 24“, речиси сите жители на Ново Село кои денеска излегле на референдумот гласале против отворањето на рудникот за злато Иловица. Тие сметаат дека со отворањето на рудникот ќе се уништи земјоделството од кое егзистираат безмалку сите жители на општината.

По Валандово и Босилово, ова е трет референдумот за рудниците кој е неуспешен поради неизлезност.