Свет Нетанјаху: Договорот со Иран е тешка грешка од историски пропорции

Нетанјаху: Договорот со Иран е тешка грешка од историски пропорции

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го критикуваше историскиот договор што го постигнаа светските сили и Иран, нарекувајќи го „тешка грешка од историски пропорции“.

– Иран ќе добие сигурен пат кон нуклеарното оружје. Многу рестрикции кои требаа да ги спречат да го постигнат тоа, сега ќе бидат укинати. Иран ќе добие џекпот, парично богатство од сто милијарди долари, кои ќе им овозможат да се вратат со агресија и со терор во регионот и во светот – рече израелскиот премиер.