Македонија Нестабилно и посвежо време со пороен дожд и со грмежи

Нестабилно и посвежо време со пороен дожд и со грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, нестабилно и посвежо, на повеќе места со пороен дожд и со грмежи, локално во форма на невремe. Попладне ќе дува умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 16 Целзиусови степени, а дневната од 15 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, а попладне ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 14 Целзиусови степени, а дневната до 23 степени.