Свет Свет Непал: 70 уапсени на протест на опозицијата

Непал: 70 уапсени на протест на опозицијата

Повеќе од 70 демонстранти се уапсени за судирите што избија за време на протестите на 30 опозициски партии во Непал, кои се противат на плановите на владата да усвои нов устав без согласност од сите политички сили и од јавноста.

Полицијата интервенираше откако дел од демонстрантите уништија седум автобуси и камиони.

Поради протестите затворени се фабриките, училиштата и факултетите во Катманду.

Непал во 2008 година ја укина монархијата, но сè уште нема донесено нов устав поради несогласувањата меѓу политичките сили.