Македонија Нема реконструкција на Владата, в понеделник нови министри

Нема реконструкција на Владата, в понеделник нови министри

Премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со албанскиот колега Еди Рама во Поградец попладнево изјави дека нема да има реконструкција на македонската влада.

Тој рече дека празните министерски места ќе бидат пополнети со нови имиња, кои в понеделник ќе се најдат во Собранието на Република Македонија.

На прес-конференцијата по заедничката седница на владите на Македонија и Албанија, Заев рече и дека законот за јазиците е современ закон, а очекува да биде изгласан до крајот на јануари и ги повика сите парламентарни партии да го поддржат.