Свет Европа Нема докази дека Русија се вмешала во изборите во Велика Британија, смета...

Нема докази дека Русија се вмешала во изборите во Велика Британија, смета Џонсон

Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, денеска изјави дека нема докази дека Русија се мешала во изборите во Велика Британија.

„Не видов никакви докази. Колку што знам, Русија немаше никаква улога“, одговорил Џонсон на новинарско прашање во врска со улогата на Русија во британските избори.

Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, неодамна ја обвини Русија дека се меша во изборите на другите земји за да ја поткопа нивната демократија.