Македонија Неделен возен ред на ЈСП за Рамазан Бајрам, жичарницата на Водно ќе...

Неделен возен ред на ЈСП за Рамазан Бајрам, жичарницата на Водно ќе работи

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје исто така извести дека за време на државниот празник нема да се врши наплата на паркирањето

Фото: Мета.мк

Утре поради верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а билетарниците и центрите за персонализација нема да работат, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Жичарницата на Водно ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, при што од 17 до 17:30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу.

Автобусите и во сабота ќе возат по неделен возен ред, а билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време, како и Жичарницата.

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје исто така извести дека за време на државниот празник – Рамазан Бајрам, јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата на истите.

Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање – без наплата.

Јавните паркиралишта пак, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време и наплата од 00:00 до 24:00 часот.