четврток, 15 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: рамазан бајрам | 18 резултати

Реис ул Улема Шаќир Фетаи со честитка за Бајрам: најголемиот предизвик денеска е војната

2 мај 2022

Поглаварот на Исламската верска заецница Реис ул Улема Шаќир Фетаи го честиташе големиот муслимански празник Рамазан Бајрам посочувајќи дека најголемиот предизвик денеска е војната. Ефенди Фетаи вели оти Рамазан нè учи дека војната е туѓа за исламот, додека мирот е најскапоценото нешто за човекот и дека целиот потенцијал на верникот треба да се стави во […]

Рамазан Бајрам, 13 мај, е неработен ден за сите граѓани

7 мај 2021

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно Законот за празниците, 13 мај 2021 година (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од муслиманска вероисповед во Република Северна Македонија, им го честита Рамазан Бајрам.

Од вечерва повторно полициски час, изминатово деноноќие 436 граѓани казнети за неносење маска

2 мај 2021

По временото повлекување на полицискиот час изминатата ноќ, заради празнувањето на Велигден, од вечерва повторно е на сила забраната за движење на граѓаните, освен со посебна дозвола, од 21 часот до 5 часот следниот ден. Минатата година во текот на повеќедневните велиденски празнувања беше на сила неколкудневна забрана за движење. Времено повлекување на полицискиот час […]

Полицискиот час од утре од 21 до 5 часот, исклучок ќе има ноќта меѓу 1 и 2 мај, за Велигден, и меѓу 13 и 14 мај, за Рамазан Бајрам

27 април 2021

Владата на денешната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и ги донесе измените на мерките за заштита и спречување на ширењето на ковид-19. Според нив, од утре, 28 април (среда), забраната за движење на населението и на возилата од јавен превоз на целата територија на државата, наместо од 20 часот, ќе важи […]

Спасовски: Оваа година Рамазан Бајрам поттикнува желба за меѓусебна почит и солидарност

24 мај 2020

По повод големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам, премиерот Оливер Спасовски упати честитка со која посочи дека оваа година, празникот има посебно значење поради актуелната криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19. „Оваа година Рамазан Бајрам, како празник на обновата на духовната сила којашто ја зајакнува вербата на луѓето во доброто, вистината, правдата и поттикнува желба […]

Анкета: Осум од десет верници велат дека ќе останат дома за Велигден и за Рамазан Бајрам

16 април 2020

Верниците немаат дилема дека за претстојните големи празници Велигден и Рамазан Бајрам треба да останат дома, наместо да заминат во црква или џамија. Најновото истражување на јавното мислење „Практикување на религија во услови на Пандемија“, што го реализираа интернет порталот religija.mk и Институтот за политички истражувања-Скопје со поддршка на фондацијата „Конрад Аденауер“, покажува дека високи 80,3 отсто […]

Следниот вторник, Рамазан Бајрам, е неработен за сите граѓани

29 мај 2019

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека согласно со Законот за празниците, 4 јуни 2019 година (вторник), првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Истовремено, МТСП на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.

Првиот ден на Рамазан Бајрам, 15 јуни, неработен за сите граѓани на Македонија

8 јуни 2018

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно Законот за празниците, 15 јуни 2018 година (петок), првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.

Утре почнува рамазанскиот пост за муслиманските верници

15 мај 2018

Муслиманите утре изутрина во 3.10 часот ќе го почнат постот за Рамазан Бајрам, еден од двата најзначајни муслимански празници. Во наредните триесет дена, верниците ќе постат секој ден од изгревањето до заоѓање на Сонцето. Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. […]

26 јуни, неработен ден за сите граѓани

19 јуни 2017

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во согласност со Законот за празниците, понеделник (26 јуни) е неработен ден за сите граѓани, поради Рамазан-бајрам. Првиот ден на Рамазан-бајрам е на 25 јуни, в недела, но неработниот ден се поместува в понеделник. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед им го […]

Невладините организации приредија празничен ручек за бегалците на Табановце

5 јули 2016

По повод муслиманскиот празник Рамазан-бајрам, денеска во Транзитниот центар Табановце, невладините организации подготвија ручек и донесоа подароци за децата. Во центарот има бегалци од Сирија и од Авганистан. Најголем процент се семејства со деца. Рамазан-бајрам се слави три дена, а доаѓа по едномесечниот строг пост. Рамазан е месец на добрината, љубовта и на милоста.

Денеска се слави Рамазан-бајрам

5 јули 2016

Верниците од исламска веросиповед денеска го слават празникот Рамазан-бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и за празник за духовно и за телесно прочистување. По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини. Рамазан-бајрам се слави три дена, а доаѓа по едномесечниот строг пост. Рамазан е месец на добрината, љубовта и […]

Рамазан-бајрам, 5 јули, е неработен ден за сите граѓани

29 јуни 2016

Празникот Рамазан-бајрам, 5 јули 2016 година (вторник), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на граѓаните од исламска вероисповед им го честитаат празникот Рамазан-бајрам.

ДУИ упати честитка по повод Рамазан-бајрам

17 јули 2015

Граѓаните од исламска вероисповед денеска го слават Рамазан-бајрам, еден од двата најзначајни исламски празника. Рамазан-бајрам го одбележува крајот на постот. Првиот ден од тридневниот празник почнува со утринска молитва, односно со бајрам-намаз. Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети упати честитка до сите муслимански верници по повод овој празник. – Посакувам овој голем празник […]

Страна 1 од 1