Економија Не се очекува пад на цената на становите

Не се очекува пад на цената на становите

Годишно се градат околу 6.000 станови, а трендот на зголемување на бројот на изградени станови ќе продолжи и во наредниот период. Не се очекува пад на цената на станбениот квадратен метар бидејќи, како што велат од Стопанска комора, и досега имало мало намалување.

– Цената е политика на фирмите, но не се очекува дека таа ќе се намали. Сепак, компаниите и досега по малку ги намалуваа цените, така што некои од нив веќе и работат на прагот на рентабилноста. Имат трошоци за купување на земјиштето, градежни материјали, проектирање и за изведба. Нема да има и пад на цените на градежните материјали– изјави Марија Петровска од Стопанска комора на Македонија.

Според компаниите, во Скопје нема голем број непродадени станови.