Свет Не го познавам Трамп, ниту го барам, ниту го напаѓам, порача Путин

Не го познавам Трамп, ниту го барам, ниту го напаѓам, порача Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека не го познава Доналд Трамп и оти нема основа ниту да го напаѓа, ниту да го брани.

Тој ја обвини американската администрација во заминување дека се обидува да го поткопа легитимниот избор на Доналд Трамп за претседател на САД.

– Лично не го познавам господин Трамп. Никогаш не сум го сретнал и не знам што тој ќе направи на меѓународната сцена. Немам основа да го критикувам или да ставам во негова одбрана – рече Путин.

Тој се осврна и на спорењето на резултатите од претседателските избори во САД.

– И покрај фактот што изборите завршија со солидна победа на републиканскиот кандидат, интензивната политичка борба во САД продолжува. Некои сили сакаат да го поткопаат легитимитетот на избраниот претседател – рече Путин.