Свет Навални повика на антикорупциски протести во 147 градови во Русија

Навални повика на антикорупциски протести во 147 градови во Русија

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални се врати во земјата по операцијата во Шпанија која, како што вели, му го вратила видот на повреденото око и повика на протести.

„Се вратив“, напиша Навални на „Твитер“, барајќи поддршка за антикорупциските протести.

Тие би требало да се одржат идниот месец во 147 градови во Русија.

Навални вели дека претседателскиот декрет, кој беше издаден додека активистот беше на лекување во Шпанија, за построги правила при одржување протести, нема да го спречи во намерата да организира.