Македонија Наутро магла, попладне сонце

Наутро магла, попладне сонце

Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно, со појава на ниска облачност и на утринска магла по котлините и во речните долини. Попладне, облачноста насекаде ќе се намали. Утринската температура ќе се движи од минус три до пет, а дневната од 11 до 17 Целзиусови степени. Во Скопје, претпладне ќе има појава на ниска облачност и слаба магла, а попладне ќе има сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

И натаму продолжува период на стабилно и суво време, по котлините и во речните долини со појава на ниска облачност и на слаба утринска магла.