Економија Наумов: Ќе гледате на бројчаник како ги враќаат вашите украдени пари

Наумов: Ќе гледате на бројчаник како ги враќаат вашите украдени пари

Претседателот на комисијата за финансии на СДСМ и дополнителен заменик-министер за финансии, Кире Наумов, денеска го посетил Крушево.

– Со години медиумите го кријат криминалот на Груевски и на „фамилијата“  затоа што нивната послушност била платена со 20 милиони евра ваши пари, пари на граѓаните. Затоа без слободни медиуми и без услови за фер медиумско известување, не може да има избори на 24 април – истакнал Наумов пред граѓаните од Крушево.

Тој посочил дека „оваа расипничка власт не може една недела да издржи без задолжување“.

– Секојдневно нè задолжуваат со нови три милиони евра. Секое четиричлено семејство во Македонија, Груевски и Ставрески го задолжија со 8.000 евра. Украдените пари ќе ви ги вратат, бројчаник ќе врти и ќе гo покажува тоа – истакнал Наумов во своето обраќање пред крушевчани.