Македонија Наумов: Имаме историски најголем јавен долг кој надминува 4 милијарди евра

Наумов: Имаме историски најголем јавен долг кој надминува 4 милијарди евра

„Македонија има историски најголем долг во апсолутна вредност откако е осамостоена. Вчера добивме официјален податок од Министерството за финансии дека на 31 декември 2015 година имаме историски најголем јавен долг кој надминува 4 милијарди и 224 милиони евра“, вели доплнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов.

– Само во овие последни месеци, односно во последните 90 дена од минатата година, оваа Влада нè задолжувала по 3 милиони евра дневно. Доколку не успеевме да ја преполовиме еврообврзницата, задолжувањето ќе беше по 6 милиони евра дневно. Ако продолжи ова темпо, имајќи предвид дека власта и во првите две-три недели од јануари нè задолжи за 40 милиони евра, некаде до средината на годината долгот ќе достигне повеќе од 50 отсто од БДП. Тоа е веќе класично должничко ропство и Македонија ќе влезе во фаза на високо задолжена држава, која нема да може понатаму да ги сервисира своите долгови – изјави Наумов.

Тој на граѓаните на Гостивар им соопшти дека СДСМ нема да оди на избори пред да бидат исполнети сите услови и пред целосно прочистување на избирачкиот список и регулирање на слободни медиуми.