Свет Европа НАТО го поздрави договорот помеѓу Грција и ЕУ

НАТО го поздрави договорот помеѓу Грција и ЕУ

НАТО го поздрави договорот за програмата за помош помеѓу Грција и Европската унија. Од Алијансата истакнуваат дека грчката економска стабилност има витално значење за безбедноста на другите земји-членки на НАТО.

– Го поздравувам договорот затоа што мислам дека е важен за грчката економоја, но и за Европа во целина, како и за НАТО. Стабилноста и економскиот напредок на Грција се важни поради многу причини, а важни се и за безбедноста на сите наши земји – изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, за време на посетата на Словенија.

Тој Грција ја нарече сојузник кој секоја година издвојувал повеќе од два отсто од домашниот бруто-прозивод за одбрана и е уверен дека Грција ќе продолжи да биде верен и приврзан сојузник и дека и во иднина ќе инвестира во одбраната.