Свет Балкан НАТО го осуди убиството на Ивановиќ, за Русија тоа е кукавички чин

НАТО го осуди убиството на Ивановиќ, за Русија тоа е кукавички чин

НАТО го осуди убиството на Оливер Ивановиќ и апелираше сите страни да покажат воздржаност и да им овозможат на правосудните органи да спроведат сеопфатна истрага.

„КФОР продолжува да ја гарантира безбедноста, сигурноста и слободата на движење низ Косово“, изјави портпаролката на НАТО, Оана Лонгеску.

Таа додаде дека НАТО во целост го поддржува дијалогот помеѓу Белград и Приштина во посредство на ЕУ и повика дијалогот да продолжи што побрзо.

Русија преку Министерството за надворешни работи најостро го осуди убиството на Ивановиќ и го оцени како кукавички чин.

Од таму ги повикаа сите меѓународни мисии на Косово својот мандат да го искористат да преземат сеопфатни мерки за спречување на евентуални инциденти во регионот.

„Се надеваме дека ќе биде спроведена детална истрага за она што се случи и ќе се открие сторителот кој ќе добие заслужена казна“, велат од министерството.