Свет Свет НАТО доби поддршка од ОН за обука на силите во Авганистан

НАТО доби поддршка од ОН за обука на силите во Авганистан

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) го поддржа новиот договор според кој НАТО ќе ги обучува и ќе им помага на меѓународните сили за безбедност во Авганистан, пренесуваат медиумите.

Резолуцијата за ова прашање е едногласно усвоена и во неа се нагласува дека новата мисија е од значење за стабизизација на состојбите во Авганистан.

Судирите во Авганистан се засилија последните неколку месеци, а се очекува насилствата да продолжат до крајот на годината кога меѓународната воена мисија на чело со САД значајно ќе ја намали својата бројност на околу 13.000 лица.