Хроника Насилници со безбол-палки и со метални прачки претепале момчиња во Куманово

Насилници со безбол-палки и со метални прачки претепале момчиња во Куманово

Кумановската полицијата поднела кривична пријава против С.Т. (23) и Н.Г.(24), кои се товарат дека со безбол-палки и метални прачки нападнале две 18-годишни момчиња, со кои претходно почнале кавга во ноќен клуб.

Како што информираат од полицијата, инцидентот се случил на 9 мај, околу 3 часот, во ноќниот клуб „Тунел“ во Куманово, каде С.Т. и Н.М. (18) при разминување почнале да се расправаат. Во еден момент, С.Т. со стаклено шише го удрил момчето по глава, а неговиот пријател, М.И. (18), се обидел да ги раздвои и бил нападнат од второосомничениот.

Двете момчиња си заминале од ноќниот клуб и отишле пред зграда на улицата Народна револуција, каде по извесно време се појавиле С.Т. и Н.Г. и ги нападнале со безбл-палки и метални прачки. Во нападот тие го искршиле и моторот на едно од момчињата.

Полицијата против двајцата осомничени поднела кривична пријава за насилство.