Свет Напаѓачот од Копенхаген имал двајца помошници

Напаѓачот од Копенхаген имал двајца помошници

Две лица се обвинети за помагање на напаѓачот што во саботата изврши напад во Копенхаген.

Во нападот на собирот на карикатуристите е убиен еден маж, на возраст од 40 години, а тројца се повредени. Пукањето се случило за време на трибина за слобода на говор, на кој се расправало за богохулие и за ислам.

На собирот беше присутен и францускиот амбасадор Франсоа Зимеи и шведскиот уметник Ларс Вилкс, познат по карикатурите на пророкот Мухамед. Вилкс, поради карикатура објавена во 2007 година, прими бројни закани за смрт.