Хроника Нападнати деца на кејот 13 Ноември

Нападнати деца на кејот 13 Ноември

Вчера, скопјанка во полициска станица пријавила дека на кејот 13 Ноември, во центарот на Скопје, нејзиниот малолетен син и неколку негови другари биле нападнати од група од пет до шест машки лица.

Напаѓачите, според кажувањето на претепаните деца, биле на возраст од околу 20 години.

За инцидентот полицијата почнала истрага.