Свет Нападнат универзитет во Пакистан, 20 убиени и 50 повредени

Нападнат универзитет во Пакистан, 20 убиени и 50 повредени

Неколку вооружени лица го нападнаа Универзитетот „Бача Кан“, во северниот пакистански град Чарсада, при што, наводно, се убиени 20 лица, а 50 се повредени. Околу 3.000 студенти и вработени, наводно, биле на кампусот за време на нападот.

Пакистанската полиција потврди дека се слушнале две експлозии.

Чарсада се наоѓа 50 километри од градот Пешавар, каде во 2014 година талибанците извршија масакр во училиште, при што беа убиени 130 ученици.

Локалните медиуми јавуваат дека нападот почнал во 9.30 часот по локално време. Полицијата и армијата го опколиле кампусот, а студентите и вработените чекаат евакуација. Досега се евакуирани 50 лица.