Свет Балкан Нападнат конзулатот на Турција во Призрен

Нападнат конзулатот на Турција во Призрен

Генералниот конзулат на Турција во Призрен утринава е нападнат со камења и со молотови коктели. Објектот во кој се наоѓа конзулатот претрпел мали материјални штети.

Призренскиот обвинител, Суљ Хоџа, соопшти дека непознати лица околу четири часот наутро ја нападнале зградата на конзулатот и оти одговорните органи веднаш пристигнале на местото на настанот.

Тој додаде дека приведени се пет осомничени лица, кои подоцна признале дека го извршиле нападот и оти тоа го направиле поради еуфоријата околу Денот на албанското знаме.
Истрага е во тек.