Свет Европа Напад со нож на железничка станица во Минхен

Напад со нож на железничка станица во Минхен

Непознат маж утринава со нож нападнал патници на железничката станица во Минхен, ранувајќи четири лица. Едно лица подлегна на повредите.

Германската полиција соопшти дека се ранети четири лица, а едно од нив, кое имало тешки повреди, подоцна починало во болница.

Портпаролката на полицијата, Михаела Гроб, рече дека мажот е уапсен и дека властите работат на утврдување на неговиот идентитет.

Инцидентот се случил во Графинг, предградие во источен Минхен, нешто пред 5 часот утринава.

Полицијата ги проверува изјавите на очевидците, кои тврдат дека мажот за време на нападот извикувал „Алаху акбар“ (Господ е голем).