Подглавна секција Напад со дрон предизвикал штета во предградија на Москва

Напад со дрон предизвикал штета во предградија на Москва

Се очекува Ким Јонг Ун да отпатува во Русија овој месец за да се сретне со Владимир Путин и да разговара за можноста за снабдување со оружје на Кремљ за војната во Украина

Фото: Artem Beliaikin on Unsplash

Русија собори најмалку три беспилотни летала лансирани од Украина во вторникот рано изутринава, а кои беа насочени кон главниот град на земјата, соопшти руското Министерство за одбрана, а пренесува „Гардијан.“

Министерството соопштило дека системите за противвоздушна одбрана уништиле две беспилотни летала над регионите Калуга и Твер, кои се граничат со московскиот регион, како и еден поблиску до главниот град, над областа Истра во московската област.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, рече дека беспилотните летала „се обидувале да извршат напад врз Москва“ и дека бил оштетен трговски објект во областа Истра, која се наоѓа на околу 65 километри северозападно од Кремљ.

Во меѓувреме, „Гардијан“ објави и дека се очекува Ким Јонг Ун да отпатува во Русија овој месец за да се сретне со Владимир Путин и да разговара за можноста за снабдување со оружје на Кремљ за војната во Украина.

Американски официјален претставник, кој сакал да остане анонимен, кажал дека деталите за очекуваната средба се сè уште нејасни, но најверојатно ќе се одржи во рускиот пристанишен град Владивосток.

Ким, кој ретко го напушта главниот град Пјонгјанг, се очекува да отпатува до руското крајбрежје на Пацификот со оклопен воз.

Двајцата лидери треба да присуствуваат и на Источниот економски форум кој ќе се одржи од 10 до 13 септември во Владивосток. Ким и Путин првпат се останаа во 2019 година. Тие бараат поголема воена и економска соработка за да се спротистават на нивната растечка меѓународна изолација, поттикната од руската инвазија на Украина.