Свет Балкан Напад со автомобил бомба на југоистокот на Турција

Напад со автомобил бомба на југоистокот на Турција

Возило полно со експлозив удрило во база на турската жандармерија во градот Јани, кој е претежно населен со Курди. Во експлозијата загина едно лице, а 47 се повредени.

Експлозијата била толку силна што се искршиле прозорците на околните згради, а објектите се затресле, тврдат сведоци.

Југоисточниот дел на Турција од јули минатата година го тресат насилства откако беше забранета Работничката партија на Курдистан. Со избивањето на насилствата се прекина двегодишниот прекин на огнот, а турската војска почна операција во која, како што тврди, се убиени илјада екстремисти.