Свет Напад на воен пункт во Египет, 12 загинати

Напад на воен пункт во Египет, 12 загинати

Најмалку 12 војници загинаа, а осум се ранети во напад кој екстремистите го извршиле на воен пункт на Синајскиот полуостров, соопшти египетската власт.

Нападот се случил 80 километри западно од Суецкиот канал.

Бранови на насилство во последниот период се зачестени на Синајскиот полуостров, но во другите делови на Египет насилството опаѓа.

Египет со години се бори против екстремистите кои се на чело на локалниот огранок на Исламска држава.