Македонија Намалена видливост на повеќе патни правци поради магла

Намалена видливост на повеќе патни правци поради магла

Поради појава на магла, видливоста е намалена од 30 до 50 метри во Павлешенци, од 50 до 100 метри на Кула и на патниот правец Петровец – Хиподром, информира Автомото-сојузот на Македонија.

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони сè уште е затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.