Свет Највисокиот облакодер во Африка

Највисокиот облакодер во Африка

Со 540 метри висина, кулата „Ал ноор“ (Al Noor) ќе биди највисокиот облакодер во Африка, а неговата изградба е најавена за почетокот на следната година, пренесе „Порта3“.

Архитект е Денис Валоде. Облакодерот ќе биде сместен во најголемиот град на Мароко, Казабланка, и ќе претставува капија од Европа кон Африка, а воедно ќе ги претставува сите африкански народи. Со својата висина, тој ќе го остави зад себе досега највисокиот облакодер во Африка, во Јоханесбург, висок 223 метра.
Висок е 540 метри, со 114 катови кои, всушност, го претставуваат бројот на поглавја во Куранот. Надворешно, облакодерот ќе биде покриен со шаблони кои ги претставуваат 1.000 јазици во Африка. Облакодерот ќе содржи луксузен хотел со седум ѕвезди, административен центар, конференциска сала, луксузна трговска зона, ресторани и уште многу други содржини.