Македонија Најмалку осуммина повредени во експлозија на плинска боца во Драчево

Најмалку осуммина повредени во експлозија на плинска боца во Драчево

Најмалку осум лица биле повредени во експлозија што попладнево околу 15 часот одекнала во семејна куќа во скопската населба Драчево.

Според првичните неофицијални информации, експлозијата се случила при монтирање грејно тело со плинска боца.

Повредените, според првичните информации, биле пренесени, дел во Ургентниот центар, дел во Градската хируршка клиника „Св. Климент Охрдиски“. Засега нема информации за состојбата на настраданите и за видот на повредите.

Екипи на противпожарната бригада го гаснат пожарот, а на местото се присутни и тимови на итната медицинска помош и на полицијата.