Свет Најмалку 93 жртви на топлотниот бран во Египет

Најмалку 93 жртви на топлотниот бран во Египет

Најмалку 93 лица починале во текот на минатата недела како последица од топлотниот бран кој го погоди Египет, а високите температури се очекуваат да продолжат и во наредните денови.

Пораст на температурите се очекува во недела, а во Каиро според прогнозата за метеоролозите, максималната температура ќе достигне 42 степени.

Поголемиот дел од жртвите на топлотниот бран се стари луѓе. Меѓу нив има и тројца пациенти од една психијатриска болница и тројца затвореници од еден затвор, северно од Каиро.

Оваа недела на југот во Египет температурите се искачиле до 46 степени.

Министерството за здравство во средата соопшти дека 581 лице е примено во болница поради исцрпеност од топлина, а 204 лица останале на болничко лекување.