Подглавна секција Најмалку 63 загинати во катастрофален пожар во Јоханесбург

Најмалку 63 загинати во катастрофален пожар во Јоханесбург

Жртвите од пожарот останале заробени во зградата внатре, а најверојатно во внатрешните простории имало запалливи материјали. Операцијата за спасување и пребарување на теренот е во тек

Пожарот настанал во еден од објектите во Јоханесбург во кој биле сместени имигранти; Фото: Ingo Stiller on Unsplash

Зграда преполна со имигранти изгоре во Јоханесбург, Јужна Африка, при што загинаа најмалку 63 лица, јавува Би-би-си. Бројот на загинати лица во пожарот расте како што спасувачките екипи го пребаруваат изгорениот објект. Јужноафриканските власти засега немаат информации за причината која што довела до катастрофалниот пожар.

Жртвите од пожарот останале заробени во зградата внатре, а најверојатно во внатрешните простории имало запалливи материјали. Операцијата за спасување и пребарување на теренот е во тек.

Портпаролот на службата за итни случаи, Роберт Мулауџи очекува бројот на жртви да се зголеми. Според досегашните информации, 43 лица се здобиле со телесни повреди во пожарот. Муџауџи изјави дека во неговата досегашна професионална кариера немал искуство со волку голема катастрофа.