Свет Свет Најмалку 39 екстремисти убиени во Пакистан

Најмалку 39 екстремисти убиени во Пакистан

Безбедносните сили на Пакистан убиле најмалку 39 осомничени милитанти во операции ширум земјата по самоубиствениот напад на суфистичко светилиште во јужен Пакистан, соопштија пакистанските власти.

Во операциите, кои се изведени во текот на ноќта, се уапсени уште 47 лица, вклучувајќи некои во провинцијата Синд, каде се случил самоубиствениот напад.

Во нападот на светилиштето загинаа најмалку 75 лица, од кои 20 деца, а над 300 луѓе се ранети.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.