Свет Најмалку 24 луѓе загинаа при одрон на депонија во Етиопија

Најмалку 24 луѓе загинаа при одрон на депонија во Етиопија

Најмалку 24 лица загинаа, а 28 се повредени во одрон на депонија што се случи денеска во предградие на главниот град на Етиопија, Адис Абеба.

Градоначалникот на Адис Абеба, Дириба Куме, вели дека најверојатно бројката на жртви ќе се зголеми зашто уште околу 30 лица се водат како исчезнати. При одронот на депонијата, целосно се урнати околу 30 импровизирани живеалишта.

Според проценката на некои од жителите на депонијата, во моментот на несреќата на тоа место имало околу 150 лица.