Подглавна секција Најмалку 23 лица загинаа од торнадо во САД

Најмалку 23 лица загинаа од торнадо во САД

Покрај загинатите и исчезнати лица, од торнадото се повредени десетици лица

Фото: Nikolas Noonan on Unsplash

Во американската сојузна држава Мисисипи загинаа најмалку 23 лица, а четворица се водат за исчезнати во торнадото што зафати неколку населени места во централниот дел на САД, пренесува Гардијан. Огромни штети од торнадото и грмотевиците се регистрирани во малите градови Силвер Сити и Ролинг Форк, каде торнадото со брзина од над 110 километри на час предизвикало оштетувања на куќи и инфраструктурни објекти.

Покрај загинатите и исчезнати лица, од торнадото се повредени десетици лица. Гувернерот на Мисисипи, Тејт Ривс изјави дека спасувачките тимови во петокот вечерта излегле на терен за да трагаат по преживеани лица од големото невреме. Населени места од Мисисипи се и без снабдување со струја поради оштетувањата на енергетската мрежа коишто допрва треба да бидат санирани.

Најмалку 49.000 корисници останале без снабдување со струја во сојузните држави Мисисипи, Арканзас, Луизијана и Тенеси. Големото невреме предизвикало штети и во овие сојузни држави, а грмотевици со силни ветришта и врнежи биле регистрирани на целата територија од источен Тексас и југоисточните делови на Оклахома до југоисточните делови на Мисури и јужен Илиноис.