Свет Најмалку 200 загинати во тропската бура на Филипини

Најмалку 200 загинати во тропската бура на Филипини

Најмалку 200 лица загинаа, а 159 се водат како исчезнати откако тропска бура го погоди јужниот дел на Филипини.

-Се се случи многу брзо, поплавата брзо надојде и ни ја поплави куќата. Не успеавме ништо да спасиме – вели фармерот Фелипе Ибарсал.

Властите за вонредната ситуација соопштија дека 159 лица се водат како исчезнати а дека 70.000 луѓе се раселени.На потрагата за преживеани се придружила и војската.

Бурата „Тембин“ предизвика поплави, одрони и кал, а најтешко е погоден островот Минданао.