Свет Најмалку 13 загинати во експлозија во Багдад

Најмалку 13 загинати во експлозија во Багдад

Најмалку 13 луѓе загинаа, а повеќе од 35 се повредени во денешната силна експлозија на автомобил бомба, во предградие на Багдад, соопшти полицијата.

Експлозијата се случила во област каде шиитски верници одат пеш до светилиште на годишен помен.

Локалната полиција рече дека нападот е насочен кон шиитски верници, но други безбедносни претставници велат дека целта на нападот бил отворениот пазар во близина.

Засега никој не презеде одговорност за експлозијата.