Свет Најмалку 12 загинати во бомбашки напад во Багдад

Најмалку 12 загинати во бомбашки напад во Багдад

Бомбаш самоубиец утринава се разнесе на безбедносен пункт во северниот дел од Багдад, при што погинаа најмалку 12 лица.

Меѓу загинатите има најмалку осум цивили, додека другите жртви се полицајци, а во нападот, исто така, се повредени 32 лица.

Напаѓачот, кој до местото на експлозијата дошол пеш, го детонирал експлозивот на една од најфреквентните влезни точки во багдадската населба Кадимија, во која мнозинството жители се шиити.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, што има карактеристики на досегашните напади на Исламска држава.

Оваа екстремистичка група, која контролира големо подрачје на северот и на западот од Ирак, вообичаено изведува напади во делови од Багдад каде шиитското население е мнозинско.