Свет Свет Најмалку 12 лица загинале во вооружен напад во Хонудрас

Најмалку 12 лица загинале во вооружен напад во Хонудрас

Најмалку 12 лица загинале, а тројца се ранети кога вооружен напаѓач пукал во сала за билијард во претстолнината на Хондурас, Тегусигалпа.

Портпаролот на полицијата, Едгардо Барахона, изјавил дека најмалку тројца од петмина напаѓачи носеле полициски униформи и панцири и истакнал дека жртви на нападот се лица на возраст од 19 до 30 години.

Никој не бил уапсен, а полицијата наведува дека 30 членови на бандата Барио биле во салата во моментот на нападот.