Свет Најмалку 11 авганистански војници убиени во заседа на талибанските милитанти

Најмалку 11 авганистански војници убиени во заседа на талибанските милитанти

Талибански милитанти убиле најмалку 11 авганистански војници во заседа во западната провинција Херат, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на извори од авганистанската полиција.

Конвојот камиони бил нападнат вчера вечерта, во областа Карук, изјавиле службени лица.

Напаѓачите украле голем дел од оружјето на местото на нападот, во кој, покрај загинати, имало и најмалку шестмина ранети војници.

Талибанските милитанти го зголемија борјот на напади на авганистанските безбедносни сили откако ја почнаа офанзивата во април годинава.

Постојат стравувања дека насилствата во Авганистан оваа година ќе бидат со зголемен интензитет, пред сè, бидејќи авганистанските безбедносни сили се распрснати на повеќе фронтови и се сочуваат со големи загуби.