Главна секција Најчевска го обои влезот на полициската станица „Беко“

Најчевска го обои влезот на полициската станица „Беко“

Професорката Мирјана Најчевска утринава се појави на информативен разговор, а пред полициската станица „Беко“ во Скопје, го офарба влезот. На полициски распит денеска е повикана и извршната директорка на Хелсиншки комитет, Уранија Пировска.

Неколку десетици граѓани утринава се собраа пред станицата за да им дадат поддршка на Пировска и Најчевска и да го изразат револтот од полициските притисоци и сослушувања.

Граѓаните извикуваат „Нема правда, нема мир“, „Држава полициска“ и „Чавков, ај појави се“. Зголемено полициско обезбедување е присутно пред полициската станица, направен е кордон кој ги спречува демонстрантите да стигнат до влезот на станицата.