Свет Повеќе од 20 загинати во бомбашки напади во Сирија

Повеќе од 20 загинати во бомбашки напади во Сирија

Најмалку 20 лица загинаа, а 70 се повредени во две експлозии на автомобил-бомби во курдскиот град Хасака.

Како што јавува сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, нападите се извршени за време на прославата на празникот Навруз, кој, според персискиот календар, го означува почетокот на новата година.

Првата експлозија одекнала во курдската населба Ал Мјуфти, додека вториот напад бил извршен на друга локација во истата населба.